Небесно чудовиште - видете како изгледа најголемиот авион во светот

Најголемиот авион во светот, „стратолонч“, со распон на крилата од 117 метри, должина 73 метри и тежина од 230 тони, беше тестиран на патеката на аеродромот „Мохаве“ во американската држава Калифорнија..

Хина пренесува дека видеозаписот на кој е снимено ова тестирање на „Твитер“ беше објавено од сопственикот на „Стратолоч системс“ и коосновач на „Мајкрософт“, Пол Ален.

Ален напишал дека „стратолонч“ успешно ги поминал првите тестови.

Инаку, авионот е дизајниран како воздухопловна платформа за лансирање ракети со кои би се праќала опрема во ниската орбита на Земјата.

Според пресметките, може да понесе товар од 250 тони, а првиот тест за летање се очекува во 2019 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top