Неизвесно е останувањето на Валверде во Барселона

Серијата лоши резултати и губењето на првото место за екипата на Барселона од страна на Севилја го доведува во прашање опстанокот на тренерското место на тренерот Ернесте Валверде на неговата позиција..

Ова особено што како што наведува каталонски Спорт, по заминувањето на спортскиот директор Роберт Фернандез и со доаѓањето на Ерик Абидал и Рамон Планес, тренерското место на Валверде е разнишано.

Ова може да се заклучи и поради тоа што преговорите за нов договор се прекинати и евентуалните нови се закажани дури за напролет.

Ланската сезона Валверде ја заврши со шампионската титула, но блиску беше до отказ откако го загуби четвртфиналето од Лигата на шампионите односно неговиот тим беше елиминиран.

Тренерот има важечки договор до летото 2019 година, а како стојат работите може и само да го одработи овој договор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top