Неизвесноста ќе потрае: УЕФА објави кога ќе одлучува за Роналдо

Дисциплинската комисија на УЕФА го објави денот кога ќе донесе одлука за казната на Кристијано Роналдо по црвениот картон што го доби синоќа на натпреварот против Валенсија..

Тоа ќе биде 27 септември кога дисциплинците го имаат закажано својот следен состанок. Сигурно е дека Роналдо нема да игра против Јанг Бојс во второто коло од Лигата на шампионите, но можно е неговата казна да биде зголемена до три натпревари со оглед на тоа што станува збор за директен црвен картон.

Ако излезе полошата варијанта, Роналдо ќе ги пропушти двата дуела против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top