Нејмар изгледа не сака да се врати во Барса: Бразилецот пак ги тужи Каталонците

Не е јасно како со ваквите потези би можел да допринесе за трансфер и се чини дека целата летна сапуница беше започната со намера да не биде завршена со договор..

Нејмар воопшто не си олеснува, или пак едноставно си сфатил дека враќањето во Барселона е невозможно.

Имено, правниот тим на Бразилецот повторно го тужеше поранешниот клуб и тоа за наводен долг од преку 3 милиони евра за плата, иако неговиот татко пред неколку дена истакна дека е блиску до договор со Барселона околу претходните тужби.

Имено, тој бара 40 милиони евра кои му се ветени како бонус за лојалност кога го потпиша новиот договор. Потоа замина во ПСЖ, но смета дека ги исполнил условите да му биде исплатено она што му е ветено, бидејќи останал во клубот уште една година.

Тој го обвинува Бартомеу дека не допринесува за решение на спорто, понуди спогодба, но Барселона ги отфрла овие обврски и тврди дека Нејмар на нив им должи околу 8,5 милиони евра откако повредил неколку обврски произлезени од споменатиот бонус за лојалност.

Никако не е јасно како Нејмар ќе се врати во Барселона, а притоа води спор со клубот, па многумина веруваат дека клубот нема намера да се договори со Бразилецот и сето она што се случувало летоска било само маска за да му се задоволи желбата на Аргентинецот и да можат да кажат дека се обиделе да направат се.

Нејмар сака да го напушти ПСЖ, но Реал не е заинтересиран, исто така и Јувентус, иако летоска го нудеа Дибала плус пари. Сега се споменуваат клубови од Премиер лигата, но прашање е дали сакаат да ризикуваат да вложат големи пари во играч кој имал доста проблеми со повредите, но и со однесувањето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top