Нејмар со својата прослава предизвика бес кај навивачите на ПСЖ

ПСЖ синоќа пред своите навивачи го совлада Нант со 2:0..

Парижаните до нови три бода дојдоа со голови во второто полувреме. Домаќините поведоа во 52. минута кога фантастичен гол со пета постигна Мбапе на асистенција на Ди Марија.

Мечот беше решен во 85. минута кога судијата судеше пенал за ПСЖ, а голот за конечни 2:0 го постигна Нејмар. Но, по голот Бразилецот предизвика бес кај навивачите на ПСЖ.

Тој им гестикулираше на навивачите на ПСЖ кои му свиркаа во текот на натпреварот дека сега можат да молчат, а тоа на нив не им се допадна. Нејмар по голот доби громогласни свирежи од трибините.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top