Некогаш ги ранеше во Лестер со пици, но сега Раниери им вети нешто ново на играчите од Фулам!

Клаудио Раниери несомнено еден позитивен тренерски лик, тој тоа го стекна посебно по освојувањето на титулата со Лестер пред две сезони, но потоа доби отказ..

Без оглед на тоа, Раниери од пред неколку дена е тренер на Фулам, каде на тренерското столче го наследи Славиша Јокановиќ, кој поради слабите или очајни резултати на клубот од Кревен Котиџ, мораше да биде отпуштен.

Но Раниери е премногу забавен лик како тренер, а за да ги мотивира играчите на некој начин, им соопштил дека по секој натпревар на кој нема да примат голови, на негова сметка ќе ги носи сите играчи од екипата во Мекдоналдс.

Нешто слично тој практикуваше и во Лестер, рецептот кој подоцна му донесе титула. Раниери во Лестер по секоја победа на неговите избраници, им правеше голема пица, па сега најави и нешто слично во Фулам.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top