Некогашниот миленик им е последна надеж, но тој е суров: Ме плаќа Лестер, а не Ливерпул

Остануваат само уште две кола до крајот на возбудливата трка за титулата во Премиер лигата, а Манчестер Сити го пречекува Лестер.

Сите очи ќе бидат вперени во тренерот на „Лисиците“, Брендан Роџерс, Шкотланѓанецот кој беше мошне блиску да ја освои титулата со „Црвените“ своевремено.

Секако, пред овој дуел кој е на програмата во недела, не очекува дуелот на Клоп со уште еден поранешен тренер на Ливерпул, „Црвените“ гостуваат кај Рафа Бенитез и Њукасл.

Навивачите на клубот од „Енфилд“ очекуваат двајцата нивни поранешни тренери да ја „одработат“ својата задача, особено Роџерс кој е речиси последна надеж за Ливерпул да ја престигне четата на Гвардиола.

Меѓутоа, поранешниот тренер на Селтик не гледа така на престојниот дуел.

„Ќе дадеме се од себе, како и на секој натпревар. Шансата да му се помогне на мојот поранешен клуб не го менува мојот однос кон натпреварот. Никако, јас сум вработен во Лестер, тие ми даваат плата, се фокусирам само на мојот тим. Ќе биде тежок натпревар, ќе обрнеме внимание на одбраната и потоа секако ќе се обидеме да покажеме квалитет кога ја имаме топката во нозете“, изјави Роџерс пред мечот со Сити.

Лестер се наоѓа во добра форма, во претходното коло го добија Арсенал предводени од Џејми Варди. Англичанецот има одличен учинок против тимовите од големата шесторка, ќе видиме каков ќе биде во понеделник.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top