Неколку споменици од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани

Општина Центар ќе врши дислокација на повеќе објекти поставени на нејзина територија во рамките на проектот „Скопје 2014“..

Сѐ уште не се знае кој ќе биде следниот споменик кој ќе подлегне на дислокација, објави ТВ Алсат М.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ изјави дека речиси за сите објекти, од неколку институци се врши истрага за законитоста при изградбата или поставувањето.

Во текот на февруари Градот Скопје го отстрани споменикот на Андон Јанев Ќосето поставен пред Врховниот суд во Скопје, по одлуката на градежната инспекција на Општина Центар која констатирала серија законски прекршоци за време на неговото поставување.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top