Неколкумина демонстранти беа уапсени за време на протестите во Минск

Белоруската полиција уапси неколку учесници на неовластен протест организиран во Минск, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Наталија Ганушевич..

Белоруската опозиција планира протестите на активистите да се одржат во близина на Плоштадот на победата. Сведоците тврдат дека во тој дел од градот биле распоредени припадници на агенциите за спроведување на законот, дека биле зајакнати безбедносните мерки и дека била затворена блиската метро-станица, пренесува Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.

Новинарите на Ројтерс, известувајќи за протестите во Минск, тврдат дека белоруската полиција уапсила повеќе од десет демонстранти.

Протести за наместени избори

Масовните протести се одржуваат во Белорусија уште од претседателските избори на 9 август, обвинувајќи дека гласањето било наместено за да се одржи Лукашенко, кој владее 26 години, на власт.

Лукашенко (66) ја водеше поранешната советска република меѓу Русија и Полска, членка на ЕУ, со цврста рака повеќе од четвртина век и не се соочуваше со премногу несогласувања.

Балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија во петокот објавија дека ќе ги продолжат санкциите против над 100 белоруски службеници вклучени во кршење на човековите права.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top