Нелојални мадридисти: Реал загуби 1 милион фанови по трансферот на Роналдо

Европскиот шампион долго време се фалеше дека има најголема навивачка база во светот и дека фановите на клубот се најлојални на светот..

Излезе дека не е така, а потврдата дојде по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. За неполни три дена, Твитер профилот на Реал мадрид го напуштија 1,5 милиони фанови и сега има 30,5 милиони. Во исто време, експанзија доживеа профилот на Јувентус каде има еден милиони следбеници повеќе.

Се очекува во следниот период овие бројки дополнително да се зголемат.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top