Нема да се откажам од музиката а ниту таа од мене, има нешто што не ми дава, вели маестро Милан Завков

Пред две години го имаше својот прв авторски солистички концерт во МОБ кој беше насловен “40 години мое дружење со музиката” јубилеен концерт на маестро Милан Завков..

Овој јубилеј е навистина за почит со оглед на тоа што нималку не се за потценување четирите децении од активно творење и негување на македонскиот фолклор и музика.

-Долг период но мене многу брзо ми поминаа, не ги осетив со музиката. Некако сакав тие 40 години да ги одбележам како завршување на мојата кариера, но верувајте нема да се откажам од музиката ниту таа од мене. Некако има нешто што не ми дава. Здравје Боже додека ме држи здравје, сила и додека можам да свирам и додека ме бара публиката ќе се дружам, затоа што музиката е нешто што тешко може да се одлепиш од неа. Можеби кога ќе дојде самиот ден по некој природен пат ќе биде доста, истакнува маестро Завков.

Тој додава дека сето свое знаење ќее го пренесе понатака на генерациите кои доаѓаат. тоа го прави и во овој период преку соодветни часови по хармоника кај заинтересираните млади ученици. Маестро Завков не ја исклучува можноста и за нов нареден концер, за кој немора да чека да бидат јубилејни 50 години, туку и 45 годишен јубилеј.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top