Нема криза за Amazon – Отворени 75 илјади работни места за да се постигне со нарачките

Дел од економските субјекти веќе бројат огромни загуби за февруари, март и април кога речиси насекаде во светот настапија рестриктивни мерки за движење, работа од дома, а со тоа и голем застој на светската која сигурно влегува во рецесија..

Сепак, економската криза за некои сектори и компании значи и можност за успех и зголемен профит. Меѓу нив е технолошкиот гигант Amazon кој ќе отвори нови 75 илјади работни места во сите земји во кои има директна достава на производи, како и на извршување на онлајн нарачки.

Од друга страна Amazon се соочува и со критики дека работниците во магицините и тие што се директно изложени на опасност од ширење на корона вирусот претставуваат поголема опасност отколку економските загуби. Во одредени стоваришта на Amazon се случија и протести на вработените бидејќи тие и натаму работат без оглед на рестриктивните мерки за движење и наметнатиот домашен карантин.

Amazon ќе воведе термални сензори со цел при влегување на работното место да се мери температурата на вработените, а ќе им се поделат маски и заштитна опрема со цел да не се дозволи брзо ширење на корона вирусот.

Компанијата која добар дел од приходите ги генерира преку е-трговија планира да одговори целосно на зголемената побарувачка од корисниците за производи и стоки, особено во време кога многу побезбедно е да се купува онлајн, отколку да се оди во физички продавници.

За сите ангажирани вработени на Amazon во време на криза компанијата е подготвена да издвои половина милијарда долари за зголемување на платите, односно за околу 150 милиони долари повеќе од првично планираното на глобално ниво каде има операции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top