Нема милост од Португалецот: Мурињо му е лут на повредениот Погба

Пол Погба на патерици го напушти Олд Трафорд по победата против Базел во вторникот, но не доби сочувство од својот менаџер Жозе Мурињо..

Напротив, информациите во британските медиуми говорат дека португалскиот менаџер му е лут на најскапиот фудбалер во неговиот тим. Причина за тоа е фактот што ова е втора слична повреда за Погба во период од само шест месеци, а притоа тој не направил ништо за да се заштити.

Минатата сезона Погба пропушти три натпревари поради повреда на задната ложа и тогаш беше советуван да работи со медицинскиот тим во Манчестер Јунајтед во текот на летото за да не му се случи нешто слично. Францускиот репрезентативец ги игнорирал советите и место со фитнес тренерот во екипата, работел со својот личен тренер.

Тоа воопшто не ја подобрило состојбата со неговата нога. Напротив, Мурињо смета дека повреденото место сега е многу послабо отколку минатата година што и во иднина може да предизвика проблеми.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top