Нема помор на врапчиња, а најмалку од „влијанието“ на 5Г мрежата

Текстот за помор на врапчињата, се повикува на фејсбук-група до која патем нема ниту линк. Притоа во текстот се прикажани фотографии од помор на врапчиња, за кои дури нема ни доказ дека се направени во Македонија, пишува „КриТинк“..

Но, она што е уште поинтересно со овој текст, е што истиот масовно беше споделуван на социјалните мрежи, а исто така и фотографиите, и како причина за поморот беше наведена 5Г мрежата, која Македонија сè уште ја нема воведено.

Се споделуваа стари текстови кои беа објавени на 17 септември 2018 година, кога „Македонски Телеком“ за прв пат ја тестираше 5Г мрежата во Македонија, па дури истиот текст се реобјави како нов, односно како тестирањето да било на 26 март 2020 година. Работата отиде дотаму што се покрена и петиција за стоп на 5Г мрежата во Македонија.

На поврзаноста помеѓу наводниот помор на врапчињата и 5Г мрежата реагираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој ги информираше граѓаните дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа и дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа.

„Македонски Телеком“ исто така излезе со демант поврзан со 5Г мрежата и негативното влијание врз здравјето на граѓаните.

Иако, во Македонија нема се уште 5Г мрежа, сепак со свои ставови излегоа и експерти кои негираат каква било поврзаност помеѓу 5Г мрежата и поморот на врапчињата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top