Нема веќе готово мелено месо во месарниците

Од овој месец се забранува продажбата на готово мелено месо. Доколку сакате да купите мелено месо, ќе си одберете парче и ќе ви го сомелат! Ќе има и спакувано мелено месо, но само од овластен преработувач..

Ова е пропишано со правилникот за квалитет на меленото месо, кој стапи во сила од 1 септември. 

Во Агенцијата за храна велат дека можеби сега за нијанса ќе поскапи месото, но ќе биде гарантиран квалитетот, а граѓаните точно ќе знаат што има во месото што го купуваат.

Многу често, до сега, со рефус меленото месо купувавме соја, масно ткиво, делови од кожа и коски. Сега ќе платиме поскапо, но барем ќе јадеме чисто месо.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top