НЕМА ВЕЌЕ МАНИПУЛАЦИЈА СО ПОДАТОЦИ: Гугл го ограничува политичкото рекламирање

Политичкото огласување претставува релативно мал дел од вкупните приходи на Гугл од огласи, кои во 2018 година изнесуваа 116 милијарди долари..

Светскиот интернет-гигант Гугл ќе ја ограничи можноста за таргетирање на гласачи за време на политички кампањи и повеќе нема да им дозволува на политичарите и партиите своите реклами да ги упатуваат на целни групи на основа на претпоставка на нивните политички ставови, пренесоа медиумите.

Дополнително, политичките партии и кандидатите повеќе нема да можат да ги споредуваат сопствените бази на податоци на можни гласачи со базите на податоци на Гугл, кои се прават на основа на тоа што корисниците пребаруваат.

Овие ограничувања ќе стапат на сила во Велика Британија за околу една недела, а потоа ќе бидат воведени и во други делови од светот.

Сепак, шефовите на кампањите и понатаму ќе можат да таргетираат одредени корисници на според нивните години, полот и локацијата.

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг, изјави дека неговата социјална мрежа нема да проверува дали објавите на политичките кандидати или партиите се засновани на вистина или не, а челниците на Твитер одлучија потполно да го забранат политичкото огласување.

– Увидуваме дека здравиот политички дијалог е важен дел од демократијата и дека никој не може разумно да го проценува секое политичко тврдење, контрааргументите и инсинуациите – напиша Скат Спенсер, генералниот директор на Гугл адс.

Затоа се очекува бројката на политички огласи на кои ќе мора да се интервенира да биде многу ограничена, но во Гугл ќе продолжат да работат на случаи кои јасно го кршат законот.

Политичкото огласување претставува релативно мал дел од вкупните приходи на Гугл од огласи, кои во 2018 година изнесуваа 116 милијарди долари. На пример, од март 2019 година, само 171.250 фунти се потрошени на политички огласи во Белика Британија.

Во САД, политичките партии за огласи на Гугл потрошиле 128 милиони долари од мај 2018 година. Во овој период, најмногу пари се вложени за кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп „Make America great again“ (Да ја направиме Америка повторно голема) – 8,5 милиони долари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top