Неочекуван кам-бек: Ливерпул го продава Кутињо, но сака да го врати Луис Суарез!?

Во секој момент се очекува официјализација на трансферот на Филипе Кутињо во Барселона за 160.000.000 евра, односно 120.000.000 фиксни и 40.000.000 низ бонуси и премии..

Но, тие пари некаде мора да бидат потрошени за да се доведе адекватна замена во тимот, а шпански „Дон Балон“ пренесува вистинска сензација.

Имено, челните луѓе на Ливерпул ги искористиле преговорите околу Филипе Кутињо со цел да се распрашаат околу Луис Суарез и негово евентуално враќање на „Енфилд Роуд“ од каде замина во Барселона во 2014. година.

Ливерпул наводно сака да го врати во своите редови иако веќе го имаат Роберто Фирмино во нападот. „Дон Балон“ тврди дека Ливерпул сака да го искористи и фактот што Барселона е заинтересирана за Антоан Гризман, по што ќе се создаде вистинска мешаница во нападот на Барселона.

Гризман по се изгледа ќе се пресели на „Камп Ноу“ на крајот од сезоната, но и покрај тоа Ливерпул ќе мора да направи многу за да го убеди Суарез да се врати на „Енфилд Роуд“.

Напаѓачот е среќен во Барселона од каде е неговата сопруга и е задоволен што ја дели соблекувалната со својот пријател Лионел Меси, а веќе изрази желба кариерата да ја заврши на „Камп Ноу“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top