Неочекуван пресврт и изненадување: Ибрахимовиќ се враќа во октомври и останува во Манчестер!?

Опоравувањето тече побрзо и подобро од планираното, а Мурињо сака Ибрахимовиќ да остане во клубот..

Легендарниот Гери Невил му сугерира на Јунајтед дека им е потребен играч кој би го држел средниот ред и дека Немања Матиќ е вистинскиот човек за таа работа, но додека целата таа сага не се разреши, Жозе Мурињо би можел да добие едно огромно засилување во срцето на нападот. И тоа во ликот на Златан Ибрахимовиќ.

Според пишувањата на британските медиуми, опоравувањето на Златан од операцијата на десното колено и тешката повреда тече побрзо од планираното, па на теренот би можел да се врати веќе во октомври. За потсетување, првичните прогнози укажуваат дека Ибра би можел да се врати дури на почетокот од 2018. година, а имаше шпекулации дека повредата е толку сериозна што понатамошната кариера му е загрозена.

Токму новите прогнози на докторите на Јунајтед го кренаа Манчестер на нозе, особено Мурињо и клупската управа која сега сака да му понуди нов договор на Ибрахимовиќ и да го задржи на „Олд Трафорд“ барем уште една сезона.

Ибрахимовиќ, инаку, се опоравува во тренинг центарот на Јунајтед под будното око на клупските доктори и тука остнаа и покрај тоа што заврши неговиот договор со клубот, а медиумите укажуваат и на тоа дека е норматив кај слободните странски играчи да се лечат во својата татковина или надвор од местото каде играле до тогаш.

Затоа докторите имаат полн увид во тоа како тече опоравувањето наводно се воодушевени како течат работите. За потсетување, Златан неодамна објави фотографија на коај вежба со топка само еден месец по операцијата. Тука е додуша и некогашниот физиотерапевт на ПСЖ, кој по заминувањето на Златан од Париз стана дел од неговиот личен лекарски тим, па тој секојдневно работи со Швеѓанецот на што е можно подобро и побрзо враќање на теренот.

Иако веројатно многумина ќе постават прашање која е целта на негово останување сега кога Лукаку е тука, факт е дека Мурињо ќе се обиде да направи се со цел нив двајца да ги вклопи и да создаде страшен напаѓачки арсенал. Местото е ослободено со заминувањето на Вејн Руни, кој додуша играше нешто поповлечено во последните години, додека Мурињо и нема нешто преголема доверба во Маркус Рашфорд и Антони Марсијал. Евентуалното продолжување на соработката, донекаде, може да значи и заминување на еден од овие двајца, бидејќи покрај Лукаку и Златан, просторот за игра ќе биде минимален, освен ако двајцата не конкурираат за левата крилна позиција.

Сепак, Златан и понатаму има отворени понуди од Кина, МЛС и Саудиска Арабија, додека неговиот агент Мино Раиола изјави дека Ибра и понатаму може многу да покаже во Премиер лигата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top