Несторовски: По Австрија добивме многу критики, чест е да се биде капитен

Несторовски: По Австрија добивме многу критики, чест е да се биде капитен.

Новиот напаѓач на Удинезе не е незапознаен со оваа улога, бидејќи во Палермо беше капитен две сезони, а по натпреварот со Израел истакна дека жали за пропуштените шанси, но и дека нашата репрезентација по критиките по поразот од Австрија покажала карактер.

„Навистина е прекрасно и е голема чест да се биде капитен. Тоа е посебно чувство, не е исто во клуб и во репрезентација. Добивме големи критики и навреди по поразот од Австрија, но еве се вративме и покажавме карактер. Ги изненадивме Израелците, знаевме дека ќе тргнат офанзивно. Се договоривме да чекаме и да ги напаѓаме со полуконтри. За жал, не успеавме да реализираме неколку шанси. Примивме гол во второто полувреме, но успеавме да се вратиме, а можевме и да победиме со меч топка во 92. минута. Штета навистина. Ние сме сплотени, наша цел е второто место. Сега одиме да ја победиме Летонија и да се вмешаме во борбата за врвот“, истакна Несторовски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top