Нетанјаху: Мировниот план на Трамп е исклучителен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи го како „исклучителен“ и дека претставува „реален пат кон траен мир“..

- Ова е историски ден. Денеска ја исцртавте светлата иднина, сјајната иднина за Израелците, Палестинците и регионот, рече Нетанјаху на прес конференцијата со Трамп во Вашингтон, а неговиот план го спореди со одлуката на поранешниот американски претседател Хари Труман од 1948 година за признавање на израелската држава.

- Денеска станавте првиот светски лидер кој го призна израелскиот суверентитет над подрачјата во Јудеја и Самарија, кои се склучни за нашата безбедност и за нашето наследство, рече Нетанјаху користејќи ги библиските имиња за Западниот брег .

Нетанјаху потсети дека САД го признаваат Ерусалим како неделива престолнина на Израел и објасни дека планот предвидува палестинската престолнина да биде лоцирана во населбата Абу Дис, во предградие на Еруслаим, пренесуваат британските медиуми.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top