Неверојатен резултат: Иако прогласија банкрот, дадоа осум гола

Без разлика за каков натпревар станува збор, без разлика дали е пријателски или натпреварувачки, постигнувањето осум гола за 90 минути воопшто не е лесно..

Виган денес во мечот против Хул немаше милост, па на крај славеше со мошне нереален резултат.

Победникот на ФА Купот од 2013 година го совлада Хал со 8: 0. Успеаја да постигнат неверојатни седум гола во првите 45 минути.

Кеи Наизмит постигна гол во првата минута, Кифер Мур постигна два гола, Киеран Дауел заврши хет-трик, а погодија и Џемал Лоу и Вилијамс.

Виган прогласи банкрот пред две недели, поради тешката финансиска состојба, а на крајот на сезоната, доколку заврши на позициите што гарантираат опстанок на Чемпионшип, ќе му биде одземено 12 бода. Во моментов е на +11 во споредба со 22-риот Чарлтон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top