Невиден циркус: Судијата ја заборави паричката, па веднаш си доби суспензија

Дејвид Мекнамара е суспендиран од страна на Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија во времетраење од 21 ден..

Станува збор за судија кој судел меч од Суперлигата за желни помеѓу Манчестер Сити и Ридинг кој бил пренесуван на телевизија.

„Судијата ја заборави својата паричка за потфрлање во соблекувалната, а немаше време бидејќи натпреварот беше пренесуван на телевизија. Тоа беше момент на лудило“, изјави Џоана Симпсон која е одговорна во Дисциплинската комисија за женски фудбал.

Но, судијата се снашол…

Дејвид Мекнамара одлучил капитените на двата тима да одиграат „лист, камен, ножички“ со цел да одлучат кој ќе го изведе почетниот удар.

„Требаше да има паричка кај себе. Требаше да биде подготвен. Тотално непрофесионално“, изјави Симпсон.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top