Невил индиректно до Оле: Не за Санчо, друг играч е поважен!

Гери Невил во својата последна анализа, истакна зошто Хари Кејн им е по потребен на Јунајтед отколку Џејдон Санчо..

За Санчо и Јунајтед претходните недели се пишуваше дека работите одат во добар правец и дека трансферот наскоро ќе се реализира. Но од тоа веројатно нема ништо.

Дортмунд бара 120 милиони евра, а Јунајтед одбива да плати повеќе од 90 милиони, па доколку не најдат заеднички јазик оваа трансфер сага ќе пропадне.

Но сепак, Невил истакна според него зошто Хари Кејн би бил поважен за Јунајтед од Џејдон Санчо.

„Мислам дека во клубот не е толку потребен Санчо, туку играч кој е по вистинска мерка за овој клуб. Тој играч според мое мислење е Хари Кејн. Лениците на клубот треба да сторат се што е во нивна моќ за да го ангажираат“, тврди Кејн.

Со оглед на тоа дека Јунајтед не стои добро со Тотенхем, посебно затоа што таму е Мурињо, а и тврдокорниот Даниел Леви, прашање е и оваа желба на Невил дали би била реална за остварување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top