Невил незадоволен од она што се случува или што не се случува во Манчестер Јунајтед

Легендата на „црвените ѓаволи“ не верува дека актуелниот тренд во клубот не ветува дека во следните две сезони Јунајтед ќе го врати тронот во Премиерлигата..

Јунајтед е без голема титула во Премиер лигата уште од 2013 година, што е најдолга пауза последните 30 години, а според трансфер тактиката, барем досега, на Гери Невил не му дава надеж дека наскоро црвените ќе бидат шампиони.

„Мора да има многу повеќе промени од ова сега. Со замената на некои од играчите, се уште ништо не е готово. Нема да биде доволен ваквиот тренд за Јунајтед да стане шампион во следните две сезони. Моето видување е дека треба да се донесе една нова група на играчи, кои се подготвени да гинат за овој клуб, да го дадат најдоброто за Манчестер Јунајтед“, порача Невил.

Досега Јунајтед го донесе само младиот Даниел Џејмс од Свонси, нешто што сигурно не ги радува во целост фановите, бидејки пред се очекуваа дека ќе се случат еден или два големи трансфери.

За деновиве се најавуваат доаѓањата на Бисака на бековската позиција и од Португалија, Бруно Фернандеш.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top