Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Напаѓачот избегал, а полицијата трага по него..

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. 

Инцидентот се случил во предградие на Париз. Очевидци велат дека незадоволниот гостин го застрелал во грбот 28-годишниот келнер.

Куршумот предизвикал сериозна повреда и екипата на итна медицинска помош, која пристигнала на местото на инцидентот, само констатирала смрт.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top