Незадоволен од минутажата: Херојот на Тотенхем бил понуден на Барса во финишот на преодниот рок

Маурисио Покетино оваа сезона има доста проблеми во Тотенхем..

Аргентинецот со Спарси минатата сезона го освои четвртото место во Премиер лигата, а оствари и голем успех со пласманот во финалето од Лигата на шампионите.

Сепак, летото беше турбулентно каде најмногу се споменуваше Кристијан Ериксен, но до трансфер на крајот не дојде.

Данецот остана, но е незадоволен, а Покетино има проблеми и со Вертонген и двајцата играчи одбиваат да потпишат нов договор со Спарси.

Се чини дека има уште такви незадоволни, па некои шпански медиуми пренесоа дека Лукас Моура вчера и бил понуден на Барселона, а играчот наводно е фруструран поради малата минутажа.

Моура мечот против Арсенал го преседе на клупата, а дали тоа било поврзано со понудата на Барселона, се уште не е познато.

Бразилецот минатата сезона беше херој на Тотенхем откако во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите постигна хет-трик, а третиот гол значеше и пласман за Спарси во големото финале.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top