Ни Барселона, ни Јувентус: Рајола стигна да го финализира трансферот на Де Лихт

Еден од најдобрите млади дефанзивци во светот Матијс де Лихт до крајот на оваа недела официјално треба да стане „поранешен играч на Ајакс“..

Скај Спортс објави дека неговиот агент Мино Рајола пристигнал во Париз каде треба да го финализира трансферот во ПСЖ. За младиот Холанѓанец беа заинтересирани Барселона и Јувентус, но очигледно победила најбогатата понуда што секогаш е најважно кога работи Рајола.

Де Лихт последната сезона одигра 33 натпревари во холандското првенство и постигна по три гола и асистенции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top