Ни шеиците, ни Ањели, ни Абрамович – еве кој е најбогатиот газда во светскиот фудбал

Долго време се мислеше дека сопствениците на ПСЖ и Манчестер Сити се убедливо најбогатите газди во светот на фудбалот, меѓутоа англиски „Мирор“ објави листа со големо изненадување на првото место..

Лидер на оваа листа е Дитер Матешиц!

Станува збор за милијардер од Австрија кој „им дава крилја“ на Ред Бул Салцбург и РБ Лајпциг.

74-годишниот Австриец држи 49% од сопствеништвото над компанијата која ги произведува познатите енергетски пијалоци, а зад себе ги остави добро познатите личности како Абрамович, шеикот Мансур и семејството Ањели.

На осмото место се наоѓа и сопственикот на Фулам Шахид Кан кој го внесе својот тим во Премиер лигата минатата сезона.

Топ 10 најбогати сопственици на фудбалски клубови:

1. Дитер Матешиц (РБ Салцбург/РБ Лајпциг) 17,8 милијарди фунти
2. Шеик Мансур (Манчестер Сити/Сити Фудбал Група) 17 милијарда фунти
3. Семејство Ањели (Јувентус) 10,4 милијарда фунти
4. Филип Аншуц (ЛА Галакси) 10 милијарда фунти
5. Роман Абрамович (Челзи) 8,3 милијарда фунти
6. Стен Кренке (Арсенал) 6,4 милијарда фунти
7. Насер Ал Келаифи (ПСЖ) 6,2 милијарда фунти
8. Шахид Кан (Фулам) 5,4 милијарда фунти
9. Стивен Жанг (Интер) 5,2 милијарда фунти
10. Џо Луис (Тотенхем) 3,8 милијарда фунти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top