Нигеријци починале затоа што пиеле солена вода за да се заштитат од ебола

Се започнало откако една студентка на почетокот на август испратила СМС порака во која пишувало луѓето секое утро да се капат во топла солена вода поради вирусот ебола..

Две лица починале, а дваесетина се хоспитализирани поради бизарна порака, која ги уверила Нигеријците дека со конзумирање на големи количини на солена вода, може да се заштитат од ебола.

Се започнало откако една студентка на почетокот на август испратила СМС порака во која пишувало луѓето секое утро да се капат во топла солена вода поради вирусот ебола. Пораката која многу бргу се проширила и на социјалните мрежи ги поттикнала луѓето да пијат што повеќе солена вода .

-Пријатели и роднини ги будат луѓето рано наутро за да ги наговорат да се искапат во солена вода и да ја испијат, бидејќи така им рекол локалниот надрилекар- вели Томас Ли, соосновач на компанијата „Symplura“, која се занимава со следење на медицински информации на социјалните мрежи.

Нигериската влада набргу започна кампања за да ги негира наводните лековити својства на солената вода, но за жал две лица веќе починале поради тоа бидејќи имале проблеми со висок крвен притисок.

Студентката која ја покренала пораката се обидела да ги предупреди своите сонародници дека станува збор за шега, но без успех.

-Сите мои обиди да ги убедам луѓето дека се работи за шега, не беа успешни. Утрово ми се јави мајка ми за да ме праша дали сум слушнала дека солената вода е најдобра превенција за ебола. Јас не знаев што да и речам- напишала таа на „Твитер“.

Сепак за среќа населението од африканската држава престанало да верува во лековитите својства на солената вода.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top