Никогаш не се спротивставувајте

Секој е одговорен за сопствената среќа и никогаш не треба да ги обвинувате другите или судбината доколку сте тажни и незадоволни..

Постојат многу комплицирани теории кои тврдат дека ја откриле тајната на животот, но вистината е дека таа е многу едноставна и лежи само во 4 зборови.

Тие зборови се: Никогаш не се спротивставувајте. На пример, доколку ви се случи нешто лошо, постојат две можности.

1. Ќе се спротивставувате на тоа со покажување бес, фрустрација и со постојано жалење.

2. Ќе ја прифатите реалноста лошиот настан и онака веќе се случил и ќе продолжите со вашиот ден.

Ова е лесно да се разбере, но тешко е да се примени. Треба да си го поставите следново прашање: „Дали сум подготвена да воспоставам контрола врз мојот живот или ќе продолжам да живеам препуштена на милост и немилост на околностите?"

Дали сте подготвени за предизвикот?

Тогаш треба да го направите следново:

1. Разберете дека единствената работа што ја добивате со спротивставувањето е уште поголема несреќа.

2. Научете да се смеете на апсурдните ситуации во животот. 

3. Разберете дека тоа навидум болно искуство може да се претвори во најдоброто нешто што ви се случило во животот.

Почнете да го применувате ова во својот живот и ќе забележите неверојатни промени.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top