Никола Груевски е човек без адреса, но ќе гласа на изборите во недела

Никола Груевски е гласач, но не во Македонија, туку во Унгарија, каде во недела за прв пат ќе може да го оствари своето право на глас како Унгарски државјанин..

„Гласачот по име Никола Груевски е на Избирачкиот список”, јавија медиумите во Унгарија

– Името на гласачот, како и на возраст од 49 години, се совпаѓа со оние на поранешниот македонски премиер, кој избега во Унгарија, каде што доби азил пишува 24.ху – познат унгарски портал.

Груевски како избирач на Избирачкиот список има лична карта од Петтиот округ, но нема адреса на живеење.

Локалните избори ќе се оддржат во недела.

Никола Груевски побегна од Македонија откако беше осуден на затворска казна, а е осомничен во повеќе предмете на поранешното СЈО.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top