Никола Калиниќ договорил нов одличен трансфер

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ го договорил наредниот трансфер пренесува „Спортиталија“.

Како што се пишуваше последниве неколку дена, Калиниќ беше во преговори со Атлетико Мадрид и сега трансферот е речиси готов, само се чека официјална потврда. Како што пренесува „Спортиталија“, хрватскиот фудбалер во новиот клуб би требало да заработува околу три милиони евра по сезона.

Инаку, Атлетико Мадрид ова лето одлучи да го продаде Кавин Гамеиро кој би требало да замине во Валенсија, додека Симоне Заза би требало за замине на „Сан Сиро“, а Калиниќ во Мадрид.

Засега не е познато колку „Јорганџиите“ ќе платат за услугите на Калиниќ на „Росониерите“, но се претпоставува дека цената за овој фудбалер нема да биде помала од 20 милиони евра, а Милан за него минатата година плати пет милиони повеќе.

Да додадеме дека Калиниќ беше испратен дома од Светското првенство откако одби да влезе во игра против Нигерија во 1. коло од групната фаза затоа што се правдаше дека е повреден. Селекторот Златко Далиќ потоа образложи дека Калиниќ е испратен дома затоа што му се потребни само здрави играчи.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top