Никола Шалваринов имаше работна средба со претставници на Македонската општина од Западна Австралија и МПЦ „Св. Никола” - Перт

Hа средбата присуствуваа г-дин Петар Василев, г-дин Филип Пеов, г-дин Наум Шалваринов, г-дин Крис Ангелков и г-дин Трајан Андоновски..

Директорот ги информираше присутните за досегашните активности на Агенцијата за иселеништво, односно печатење на сликовница за најмладите за изучување на мајчиниот јазик и за прирачникот за иселеници за прашања од правна природа поврзана со документација. Г-дин Шалваринов ги презентираше и идните планови на Агенцијата, како и продлабочување на соработката со другите институции.

Г-дин Ангелков го запозна директорот со активностите на Македонската општина од Западна Австралија и воедно го информираше за почетоците на организацијата. Македонската општина од Западна Австралија е формирана во 1942 година под името “Unity” - Единство. Подоцна се преименуваат во Македонска општина за Перт и Западна Австралија, па во Македонска црковна општина за Западна Австралија, а подоцна е регистрирана како Македонска општина за Западна Австралија. По формирањето на македонската општина во Перт се формираат македонски општини и во Аделаид, Мелбурн, Сиднеј и други места. Во Македонската општина од Западна Австралија функционираат: црква, фолклорна група, фудбалски клуб кој игра во прва лига, спортски центар и училиште.

На оваа средба се разменија голем број на идеи за идна соработка помеѓу Агенцијата за иселеништво и претставници на Македонската општина од Западна Австралија и МПЦ “Св. Никола” - Перт, за кои јавноста ќе биде навремено информирана.

Македонци од Западна Австралија бурно реагираа на социјалните мрежи каде што јавно го прашуваат Ангелков зошто го променил ставот кога на 4ти Април во North Bridge, Перт, Западна Австралија барал јавно да се прекине соработката со владата и навестил дека нема да примаме амбасадор од влада која сака да го смени вековното име на Македонија а сега прв се нацртал таму. Луѓето се прашуваат дали Крис ја излажа Македонската заедница на 4ти април?


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top