Николовски: Бујар Османи и Дитмир Бушати имаат договор Македонија да кочи со реформите

Николоски оцени дека на дебатата во Бундестагот дента се зборувало дека во Македонија има голема корупција, нема владеење на право и слично..

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ21 наведе дека предупредил дека има таен договор меѓу Бујар Османи, вицепремиерот зз евроинтеграции на Македонија, и Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија. 

Целта на таквата спогодба е Македонија да забави со реформите, за да не се забележи толку многу големото нереализирање на реформите во Албанија, и двете држави да продолжат во ист пакет да го чекаат датумот за преговори од Европската унија.

 „Заев и другите владини претставници мислеа дека ако го сменат името ќе им биде дозволено се од надвор, но казнети се. Не можат да мислат така. За Македонија не е добро да има пракса на криминал. И меѓународните претставници се незадоволни од ситуацијата во земјава“ рече Николоски. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top