Николовски: Ќе се одлепат ли кандидатите од партиите?

Дали кандидатите во даден момент ќе се тргнат од платформите на оние кои ги поддржуваат е реална дилема според новинарот Љубиша Николовски..

-Дали Сиљановска ќе се одлепи од ВМРО ДПМНЕ ако стане претседател и ако Мицкоски победи на парламентарните избори? Како сите натпартиски кандидати ќе се одлепат од партиите, и во кој момент ќе се одвојат? На пример, Сиљановска вели минатата власт била апсолутистичка: од иста партија претседател и премиер… А од друга страна, вели за да се симне сегашната влада треба да се гласа за партијата што неа ја поддржува, на следните избори. 

Па тогаш, ако таа победи и потоа на парламентарни и Мицкоски, не е ли тоа апсолутистичка власт? Дали таа во таков момент би се одлепила од ВМРО ДПМНЕ?, нагласува Николовски во вечерашното издание на „Отворено на Алфа“.
Според него, предвремени парламентарни избори ќе има во два случаи:

-Мислам дека ќе имаме избори ако победи Сиљановска, оти така рече премиерот и ако нема цензус. Не верувам дека ВМРО ДПМНЕ е сигурен дека со нивниот кандидат ќе успее да изнесе луѓе за да гласаат, а бојкотот им виси на глава. Не дека самите го креираат , туку има структури во партијата, влијателни членови, кои се за бојкот, смета Николовски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top