Николовски: Нема причина да не и се даде шанса на оваа Влада да го реши спорот за името

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да се најде решение за спорот за името..

-Во овој момент Владата го води процесот сама. Тоа е нивна одлука и може да си го води така процесот. Во секоја држава има власт и опозицијата. Одговорноста за одлуките е на Владата. За ние да се изјасниме за преговорите, прво треба да има договор, а сега договор нема. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да најдат решение и прашањето да се затвори. Нема причина да не и се даде шанса на оваа Влада да најде решение. Доколку решението е лошо ние секако нема да го поддржиме, но доколку е спротивно ќе го поддржиме, рече Николовски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top