Никос Филис отворено кажа: Беломорска Македонија со сила стана грчка

Грчкиот пратеник Никос Филис во праламентот на Грција храбро кажа дека Македонија не е грчка..

-Македонија не е една и грчка. Има повеќе Македонии. Македонија на другиот која цврсто се определува во Букурештанскиот договор со нашиот-грчки потпис. Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се возприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата. Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен СТАНА грчка. затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние но и други народи во регионот. Ако тоа е така, согрчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе? , рече денеска во грчкиот парламент пратеникот Никос Филис.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top