Нимиц: На мојот роденден денеска го добив најголемиот подарок, конечно решавање на спорот за името

Специјалниот медијатор Метју Нимиц по потпишувањето на договорот се обрати и нагласи дека денеска на неговиот роденден му е даден најголемиот подарок, односно по 24 години конечно решавање на македонско-грчкиот спор..

„Мојата работа е конечно завршена. Моите најблиски ме прашаа што да ми купат подарок за роденденот. Им реков денес не ми е потребно ништо, го добив најголемиот подарок – истакна Нимиц.

Тој додаде дека верува оти Договорот е во стратешки интерес на двете земји.

– Ми беше задоволство   што бев медијатор и што сега можам да бидат сведок на потпишувањето на овој договор. Ми беше задоволство да соработувам со овие двајца министри, но и со сите претходно на овој долг и тежок процес разрешувајќи го овој проблем што долг  период резултираше со една спогодба која е правична, чесна и спроведлива, тоа ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји туку ќе служи и како приемр за регинот, дека два соседа ,можат да решат проблем ако се заложат за истиот, изјави Нимиц на церемонијата на потпишувањето.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top