Ништо без него: Пике ја растури хармонијата во шпанската репрезентација

Сосема неочекувано, светскиот првак од 2010 година е во центарот на вниманието на фудбалската јавност на еден ден пред почетокот на Мундијалот..

Причината е промената на селекторската функција откако вчера беше објавено дека Хулен Лопетеги се договорил со Реал Мадрид. Денеска тој доби отказ, а на негово место е поставен Фернандо Јеро.

Медиумите во Шпанија се заинтересираа како информацијата за Лопетеги излезе во јавност пред Реал да го направи тоа преку официјално соопштение. За одлуката на Флорентино Перес биле информирани само тројца играчи на “кралскиот клуб” кои во моментов се со шпанската репрезентација, но тие биле обврзани да молчат.

По неколкучасовно истражување, станало јасно дека тајната ја издал Жерард Пике кој сосема случајно дознал за тоа. Тој им кажал на новинарите кои се со шпанскиот национален тим во Русија, а потоа следуваше вистински хаос.

Селекцијата во моментов е сосема растурена иако Шпанија важеше за еден од најголемите фаворити за шампионската титула на Мундијалот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top