Ништо не е завршено на Олд Трафорд: Јунајтед бара уште три засилувања!

Иако се чинеше дека со Дони ван де Бек ќе заврши летниот преоден рок за Манчестер Јунајтед, британските медиуми тврдат дека нема шанси да биде така..

„Manchester Evening News“ тврди дека до 5 октомври, кога финишира трансфер пазарот, клубот ќе се обиде да донесе барем уште три засилувања: лев бек, стопер и централен напаѓач. Се знаат и имињата на фудбалерите за кои е заинтересиран Оле Гунар Солскјер.

Наводно, тој и клубот уште не се откажале од Џејдон Санчо иако тој не е решение за ниедна од овие три позиции. Другите двајца се Дејвид Брукс од Бурнмаут и Виталиј Миколенко од Динамо Киев. Можно е Јунајтед да почне преговори и со Јувентус за позајмица на Дуглас Коста, но тоа само во случај да не успее планот со првите тројца.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top