Ништо од Јувентус и Реал Мадрид: Икарди се сели во Премиер лигата!?

Мауро Икарди е веќе отпишан во Интер, следната сезона ќе мора да прејде во некој друг клуб..

Како стојат работите во моментов, тоа нема да биде ни Реал Мадрид ни Јувентус. Аргентинецот наводно веќе е во преговори со Челзи.

Тој би требало да го засили лондонскиот тим за следната сезона. Икарди сака што е можно побрзо да се врати на теренот. Причината е што Аргентина во јуни ќе настапи на Копа Америка, а довчерашниот капитен на Интер сака по секоја цена да се најде на списокот на „Гаучосите“.

Според италијанските медиуми, во трката за Икарди се вклучил и Наполи, но малку е веројатно дека тој ќе се пресели во градот под Везув.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top