Ниту еден угостител од Тетово не е казнет иако 5 отсто не ги затвориле кафулињата

Нема казни за угостители досега од Државниот пазарен инспекторат, иако мал процент на угостители се обидуваат да работат и покрај препораките да бидат затворени.

– Сите пријавуваат и тоа е за поздравување од страна на граѓаните. Деведесет и пет отсто од градот е покриен со се селата, а тоа е дека ја почитуваат одлуката на владата. Освен некои мали кафетерии по селата сакаат со некакви други методи да работат но тоа не е во нивна корист, не е ни во наша корист, ќе бидат затворени – вели Мемети.

Хисен Џемаили, министер без ресор во Владата истакна дека е важно граѓаните да продолжат со пријавување на недостатоци и злоупотреби.

– Преку владиниот кол центар граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите овие злоупотреби во рамки на влада, во рамки на министерство за економија, за сите постоечки сектори може да се пријави злоупотреба – рече Џемаили.

Пред два дена беа затворени еден локал во Тетово и две кафетерии во Пирок.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top