Ноќеска регистрирани два земјотреса во Охридско-струшкиот регион

Два земјотреса ноќеска биле регистрирани во Охридско - струшкиот регион, соопшти скопската опсерваторија на Телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ. Епицентарот на двата земјотреса бил во Охридското Езеро..

Првиот земјотрес е почувствуван во 2.10 часот, на 4 километри од Охрид, а вториот земјотрес на 9 километри од струшкото село Мислешево. 

Првиот земјотрес бил со магнитуда од 2,5 степени, а вториот земјотрес со јачина од 2 степени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top