Ноќна средба - Заев, Груевски, Ахмети и Џафери кај Иванов

Вечерва во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно” се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Република Македониј.

Средбата се реализира како резултат на претходно започнатите разговори.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните.

Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија.

За прашањата кои предизвикаа интерес на оваа средба, разговорите ќе продолжат и во иднина“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top