Нолито: Мојата сопруга купи еден камион со тоалетна хартија

Карантинските услови се нешто на кое полека се навикнуваат најголем дел од жителите во Европа, вклучувајќи ги и фудбалските ѕвезди кои се обидоа да измислат неколку предизвици за полесно минување на периодот во самоизолација..

Времето минато во четири ѕида знае да биде доста здодевно, па затоа голем дел од познатите ѕвезди се приклучија во предизвикот со жонглирање на тоалетна хартија кој стана вирален. Обезбедувањето на резерви со тоалетна хартија е нешто што стана голем тренд овој период, па таков е случајот и со искусниот шпански напаѓач Нолито кој даде интересна изјава за „Марка“.

– Како го поминувам карантинот? Мојата сопруга купи камион со тоалетна хартија. Така ми минува секојдневието, опркужен од тоалетна хартија, – низ смеа открива Нолито, а во продолжение додава дека мора да ја одржува формата во домашни услови.

– Морам да вежбам по неколку часа дома, секојдневно добиваме инструкции од кондициските тренери за да останеме во форма колку е можно. Кога ќе дојде време, ќе мора да бидеме добро подготвени. Тука се и телефонот, моите три ќерки кои не се мирни и времето брзо ми поминува, – додава поранешниот шпански репрезентативец и член на Манчестер Сити кој сега настапува за Севилја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top