Нов документ на Пентагон покажува дека американската војска може да победи во нуклеарна војна

Документот на Пентагон „Нуклеарни операции“ накратко, намерно или по грешка, ѝ беше достапен на јавноста, а во делот што особено привлекува внимание се наведува дека САД би можеле да победат во конфликт со нуклеарно оружје..

Текстот кој го објави активист на Федерацијата на американски научници (ФАС) Стивен Афтергуд спомнува „фундаментални принципи и наведување на планирањето, извршувањето и процената на нуклеарните операции“ и сувопарно ја опишува употребата на оружјето кое би можело да ја уништи цивилизацијата, пренесува Раша тудеј.

Американски стратези пишуваат дека, во случај во 2021 година да истече договорот СТАРТ меѓу САД и Русија за контрола на нуклеарното вооружување, употребата на атомските бомби би можела „да создаде услови за одлучувачки резултати и враќање на стратегиската стабилност“. 

Стратегиските бомбардери кои го носат овој товар се опишуваат како најфлексибилен дел на таканаречената нуклеарна тријада, сочинета од авиони, подморници и интерконтинентални балистички проектили. 

Тие, како што пишува во документот, се најдобриот доказ за решителноста да се нападне, додека исто така може да бидат отповикани за време на летот. 

Случајно или не, стратегиски бомбардери беа пресретнати во понеделникот над Балтичко и Црното Море, во близина на руската граница.

Не е јасно зошто овие планови, макар и на кратко, им станаа достапни на сите, но беа повлечени една недела подоцна со објаснување дека биле наменети за интерна употреба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top