Нов малер за Реал: Рамос со скршен нос од мадридското дерби!

Дуелот меѓу градските ривали Атлетико и Реал заврши без голови, но натпреварот го одбележаа неколкуте груби стартови на двете екипи..

Како и обично, нешто погруби беа домашните фудбалери кои повредија двајца противнички играчи. Најмногу настрада Серхио Рамос кој доби копачка во главата од Лукас Ернандес.

Капитенот на Реал веднаш доби лекарски третман, го заврши полувремето со памук во носот, а во второто полувреме воопшто не се појави во игра. Спорно е само тоа што Реал не доби пенал за тој старт иако беше јасно дека невнимателниот Ернандес го покоси противничкиот играч во шеснаесетникот.

Засега е непознато дали Рамос ќе паузира, но неговото евентуално отсуство ќе предизвика нови проблеми за тимот на Зидан.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top