Нов шок за шампионот: И Дурант надвор од стројот поради скршено ребро

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт Вориос се соочува со сериозни проблеми откако остана и без третата ѕвезда во тимот Кевин Дурант..

Веќе од претходно беше познато дека Дурант нема да настапи на синоќешниот меч против Сакраменто, а деталните прегледи покажаа дека не се работи за така лесна и наивна повреда.

Дурант има скршеница на ребро поради што ќе мора да паузира најмалку во следните две седмици.

Од претходно, поради повреди надвор од стројот е Стеф Кари поради проблеми со скочниот зглоб и и Клеи Томсон поради фрактура на десниот палец.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top