Нов тип на свински грип откриен во Кина, има потенцијал да прерасне во Пандемија

Кинески научници идентификуваа нов тип на грип кој има потенцијал да прерасне во пандемија. Тој се појавил неодамна и негови носители се свињи, но може да зарази и луѓе, велат тие..

Иако тој моментално не претставува проблем, истражувачите стравуваат дека би можел да мутира со што полесно би се пренесувал од човек на човек, предизвикувајќи глобална пандемија, па затоа мора да се набљудува. Бидејќи е нов, луѓето би имале малку или воопшто не би имале имунитет.

Последната пандемија на грип беше свинскиот грип во 2009 година, но таа не беше толку смртоносна како што првично се очекуваше, бидејќи голем број возрасни луѓе имале некаков имунитет на него, веројатно поради сличностите со други типови грип. Свинскиот грип денес е веќе сезонски грип.

Новиот грип откриен во Кина е сличен на свинскиот грип од 2009, но има некои промени.

„Тој засега не е закана, но не смееме да го игнорираме. Будно го следиме и проучуваме“, вели професорот Кин-Чоу Чанг, кој работи на истражувањето.

Тие откриле докази дека веќе имало случаи на зараза, кај луѓе кои работат во кланици и свињарската индустрија во Кина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top