Нов удар од Гвардиола: Сити донесе шпански талент

Манчестер Сити е решен да го симне Ливерпул од шампионскиот трон во Премиер лигата по само една сезона и за таа цел планира да направи неколку промени во тимот ова лето..

Прво засилување за клубот е 20-годишниот шпански талент Феран Торес кој досега беше член на Валенсија. Младиот фудбалер доаѓа речиси џабе, за 23 милиони евра, плус евентуални 12 милиони низ бонуси. 

Интересно е тоа што откупната клаузула во неговиот договор со Валенсија изнесуваше неверојатно 100 милиони евра што е само уште еден доказ за одлично завршената работа на Гвардиола и Сити.

Оваа сезона Торес беше еден од најдобрите играчи на Валенсија која не се прослави. Младиот фудбалер постигна шест и намести осум гола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top